Локални избори 2021Политички партии

Реакција на СДСМ на изјавите на кандидатката за градоначалник на Скопје Арсовска

Центарци и скопјани многу добро паметат кој го уништуваше модерно Скопје заради изградба на „барокно Скопје“. Центарци и скопјани многу добро паметат кој го уништуваше зеленилото во Скопје и шумите на Водно заради изградба на хациенди на плацовите на Груевски и неговите урбани мафијаши. Центарци и скопјани многу добро знаат зошто криминалното ВМРО-ДПМНЕ нема свои кандидати во Центар и Скопје.

Скопје, 20 октомври 2021

Почесната конзулка од Унгарија Данела Арсовска е кандидат на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кои го создадоа урбанистичкиот хаос во Центар и во Скопје, заради интересите на урбаната мафија на Груевски. Данела Арсовска станува менаџерка на спортската Сала Расадник токму кога Никола Груевски е министер за финансии. Како резултат на нејзиното катастрофално менаџирање, спортската сала Расадник пропаѓа.

Центарци и скопјани многу добро паметат кој го уништуваше модерно Скопје заради изградба на „барокно Скопје“. Центарци и скопјани многу добро паметат кој го уништуваше зеленилото во Скопје и шумите на Водно заради изградба на хациенди на плацовите на Груевски и неговите урбани мафијаши. Центарци и скопјани многу добро знаат зошто криминалното ВМРО-ДПМНЕ нема свои кандидати во Центар и Скопје.

Трагите од криминалите на ВМРО-ДПМНЕ во Центар се се уште видливи и свежи, и затоа Наташа Котлар ќе биде уште еднаш поразена од Герасимовски во општина Центар.

Скопјани многу добро знаат дека урбаната мафија на Груевски го уништи модерно Скопје со мегаломанскиот проект на Груевски „Скопје 2014“. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе биде повторно казнето во Скопје, а разликата меѓу Шилегов и Арсовска ќе биде уште поголема во корист на Шилегов.

Градска организација на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close