Локални избори 2021Политички партии

Реакција на СДСМ на изјавата на независната кандидатка за градоначалник на Скопје Арсовска

Во недостаток на конкретни идеи и проекти за младите, Данела Арсовска, кандидатката финансирана од луксузните канцеларии на ВМРО-ДПМНЕ, шири лажни вести дека Шилегов инвестирал во луксузни канцеларии!

Скопје, 20 октомври 2021

Во недостаток на конкретни идеи и проекти за младите, Данела Арсовска, кандидатката финансирана од луксузните канцеларии на ВМРО-ДПМНЕ, шири лажни вести дека Шилегов инвестирал во луксузни канцеларии!

Шилегов нема инвестирано во луксузни канцеларии, ниту пак во волшебни лустери, црвени теписи, и махагони астали, какви што има во „Белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, кое со трошењето на луксуз, споменици, восочни фигури и палми, принуди на иселување стотици илјади млади од Македонија, СДСМ води активна политика за зголемување на платите на младите, што е главна причина за младите да останат во Македонија.

За разлика од СДСМ, Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ водат политика против зголемување на минималната плата и платите, што е главна причина за иселување на младите од Македонија.

За разлика од Арсовска, Шилегов има посебен дел во својата програма наменет за младите и младинските политики „Скопје младост ти ќе бидеш“.

Со Шилегов, Скопје станува град во кој во кој младите се доселуваат, инклузивен град на еднакви можности во кој заедно со младите се креираат политики по нивна мерка. За разлика од програмата на Арсовска, која ги маргинализира младите и нивните потреби, Шилегов во својата програма предвидува Младински центар, Канцеларија за млади, Буџет за млади, Финансиска поддршка за младински организации и организации за млади, бесплатен превоз за студенти на втор циклус студии, стипендии за млади до 29 години од семејства со социјален ризик и еднородителски семејства, субвенционирање на еколошки превоз за млади, субвенционирање на купување дигитални уреди за млади до 29 години, и создавање Центар за развој и поддршка на младинско претприемаштво.

Градска организација на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close