Локални избори 2021Политички партии

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Славјанка Петровска

Ваквата црна кампања досега е незапаметена и таа е последица на стравот од пораз на Шилегов и Заев.

Скопје, 26 октомври 2021

Ваквата црна кампања досега е незапаметена и таа е последица на стравот од пораз на Шилегов и Заев.

СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска.

Во целост ги демантираме ваквите невистини, и ниту една црна кампања, вклучителна и таа во која вмешуваат членови на потесното семејство на Арсовска нема да им помегне да го одбегнат поразот од народот кој им следи.

Потсетуваме дека не е прв пат СДСМ да мавта со лажни обвинувања за бугарски пасоши, тоа станува дел од нивната стратегија додека Заев врши притисоци врз членови на историската комисија да потпишат тоа што Заев во 4 очи договорил да продаде со бугарската власт.

Ваквите лаги нема да го спасат ниту Шилегов од пораз и одговорност за прекумерното богатење додека е на државна функција. 4 стана, 2 хациенти е учинокот на Шилегов како градоначалник и еден тон лажни вести за прикривање на непособноста на Шилегов.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Таг
Back to top button
Close
Close