Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Рашкоска: Ќе го вратиме стариот сјај на Берово, како град на боеми, занаетчии и еснафи

Мојата визија за Берово е да се врати стариот сјај кој го имаше, повторно да биде град на боеми, занаетчии и еснафи, град на културата, град во кој повторно ќе го има „Беровското културно лето“, град кој ќе има добра инфраструктура и со сите услови кои се еквивалент за услови на 21-ви век, истакна вечерва на митингот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, нејзината кандидатка за градоначалничка на Општина Берово, Елеонора Рашкоска.

Берово, 14 октомври 2021 (МИА) – Мојата визија за Берово е да се врати стариот сјај кој го имаше, повторно да биде град на боеми, занаетчии и еснафи, град на културата, град во кој повторно ќе го има „Беровското културно лето“, град кој ќе има добра инфраструктура и со сите услови кои се еквивалент за услови на 21-ви век, истакна вечерва на митингот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, нејзината кандидатка за градоначалничка на Општина Берово, Елеонора Рашкоска.

Таа нагласи дека во Берово има многу за работа и како свои клучни проекти ги наведе воведувањето ниски и рамни даноци, изградба квалитетна канализациска и комунална инфраструктура, чиста и здрава вода за пиење до секоја куќа дислокација и изградба на нова и современа автобуска станица, постојана реконструкција и рехабилитација на постојните улици и адаптација и пренамена на дел од паркот на кејот на река Брегалница во отворена младинска летна сцена, со можност за одржување на концерти, гостување на театарски групи, перформенси и стендап настапи и организирање  на локални културни манифестации.

– Можеби не сум совршена, но сум храбра, како жена и како мајка да се борам за мојот град, да се борам да остануваат нашите деца тука, да им помагам на луѓето, нешто што во континуитет го правам веќе долги години, зошто така сум учена и така сум воспитувана и не сакам да бидам само нем набљудувач за се што ни се случува. Затоа го направив овој чекор, кандидат за градоначалник, зошто сигурна сум дека можам да дадам свој придонес во мојот град со моите врати, секогаш отворени за граѓаните како и досега и со решавање на проблемите кои ги имаат, зошто по природа сум човек кој сака да ги решава проблемите, а не да ги акумулира. Зошто ако добро работиме сите ќе си останат во родниот град Берово, истакна Рашкоска.

Според неа, за состојба на општината говорат големите бројки на иселување на младите, тоа што секоја година има се помалку ученици и се помалку новородени и се помалку лекари.

Рашкоска укажа и дека приоритет треба да биде да вложување во капацитетите во противпожарната служба и тоа од аспект на добро опремени и современи противпожарни возила, добра екипираност и вложување во човечкиот потенцијал во противпожарната служба и добра институционална координираност, за да се победува во битката со елементарните непогоди. вс/сп/

Back to top button
Close
Close