Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Расте бројот на баратели на социјална услуга во општина Кичево

Бројот на баратели на социјалната услуга „Нега и грижа на стари лица во домашни услови“, во општина Кичево е во пораст. За постарите лица кои се заинтересирани да користат грижа од лиценцирани негуватели, секојдневно се изготвуваат и нови решенија.

Кичево, 2 март 2022 (МИА) – Бројот на баратели на социјалната услуга „Нега и грижа на стари лица во домашни услови“, во општина Кичево е во пораст. За постарите лица кои се заинтересирани да користат грижа од лиценцирани негуватели, секојдневно се изготвуваат и нови решенија.

– За само петнаесетина дена бројот на лица баратели на социјална услуга „Нега и грижа на стари лица во домашни услови“ од осум се зголеми на 18 лица, а бројот на негуватели ангажирани за оваа работа порасна од осум на 10. Од овие 18 лица, 15 се од градот Кичево, додека три лица се од село Зајас. Така, бројот на стари лица за кои се грижи еден негувател во нашата општина е различна. Имаме тројца негуватели кои се грижат за по едно лице, шест негуватели даваат услуга на по два корисника и еден негувател се грижи за три лица, колкав е и максималниот лимит на лица за кои може да се грижи еден негувател, вели Ана Божиноска, проект координатор.

Најави дека постојано се јавуваат нови баратели, за кои во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Кичево се изготвуваат решенија, што ќе придонесе оваа бројка во блиска иднина да биде далеку поголема.

Божиноска нагласи дека пред да почне да функционира социјалната услуга се посетуваат домовите на секој поединец, за да се провери дали ги исполнуваат пропишаните услови.

Инаку, носител на проектот за „Нега и грижа на стари лица во домашни услови“ е Општинската организација на црвениот крст Кичево, се реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика, финансиски поддржан од Светска банка.

Секој од негувателите во текот на еден ден може да биде ангажиран најмногу четири часа, за што ќе добие и соодветен паричен надомест. за/цр

Таг
Back to top button
Close
Close