СпортФудбал

Рангник дебитираше со победа, „црвените ѓаволи“ ги совладаа Кристал Палас

Погодокот на Фред во 77 минута од натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Кристал Палас му овозможи победничко деби на привремениот менаџер на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник.

Манчестер, 5 декември 2021 (МИА) – Погодокот на Фред во 77 минута од натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Кристал Палас му овозможи победничко деби на привремениот менаџер на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник.

Во 15-тото коло од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед денеска на „Олд Трафорд“ триумфираше над Кристал Палас со 1:0.

Ова беше прв натрпевар за Германецот кој го замени Оле Гунер Солскјер на тренерското столче. На тренерската позиција на „Олд Трафорд“ останува до крајот на сезоната, потоа, Рангник ќе биде консултант за трансфери.

Манчестер Јунајтед е на шестата позиција на табелата со 24 бодови, додека, Кристал Палас се наоѓа на 12-тото место со 16 бодови. ар/са/

Back to top button
Close
Close