0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Рамос ги смирил Нејмар и Мбапе

Серхио Рамос помогна да се реши конфликтот меѓу ѕвездите на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе и Нејмар. Според „Le Parisien“ 36-годишниот ветеран се вклучил и помогнал да се реши проблемот кој настана на мечот со Монпелје.

Париз, 17 август 2022 (МИА) – Серхио Рамос помогна да се реши конфликтот меѓу ѕвездите на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе и Нејмар. Според „Le Parisien“ 36-годишниот ветеран се вклучил и помогнал да се реши проблемот кој настана на мечот со Монпелје.

Бразилецот по мечот со Монпелје (5:2) изрази незадоволство поради тоа што Французинот стана редовен изведувач на пенали на клубот. На самиот натпревар одигран викендот, Мбапе го промаши првиот пенал, а подоцна сакаше да го изведе и вториот досуден за ПСЖ, но Нејмар не му дозволи и тој го реализира.

Подоцна во француските медиуми се појавија информации дека Мбапе побарал од раководството на ПСЖ да го продаде Нејмар.

Претходно се дозна дека инцидентот бил разрешен по средбата на играчите со директорот на парискиот клуб Луис Кампос. Во исто време, дефанзивецот Серхио Рамос делуваше како уште еден посредник меѓу страните во конфликтот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close