0_Спорт.ПорталДописници МКДРакометСпорт

Ракометарите на Еурофарм Пелистер отпатуваа за Лисабон на мегдан со Спортинг

Ракометарите на Еурофарм Пелистер отпатуваа за Лисабон каде утревечер ќе ги одмерат силите со португалскиот претставник во ЕХФ Лига Европа, Спортинг.

Битола, 29 ноември 2021 (МИА) – Ракометарите на Еурофарм Пелистер отпатуваа за Лисабон каде утревечер ќе ги одмерат силите со португалскиот претставник во ЕХФ Лига Европа, Спортинг.
Според битолските ракометари, домаќинот е фаворит но желбата да се продолжи победничката серија е поголема од респектот кон Спортинг.
-Мислам дека имаме шанса и ако го исполниме договореното имаме шанса за еден или два бода. Победивме против АЕК и Татабања, но би го спомнал и многу важниот бод од Швајцарија, каде игравме лошо прво полувреме и на крајот успеавме да се вратиме со еден бод. Сега тој бод е многу важен. Ниту еден натпревар не се препушта на случајот и како и досега ќе играме на победа. Пред две сезони игравме против Спортинг, клуб со одлична екипа, но во нашите редови оптимизмот е на високо ниво, изјави Елмир Граџан,ракометар на Еурофарм Пелистер.
Натпреварот меѓу Спортинг и Еурофарм Пелистер во Лисабон е закажан за утревечер од 20:45 часот, а ќе го судат словачките арбитри Михал Бадура и Јарослав Ондогрекула.мт/са/

Back to top button
Close
Close