0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Раиола пуштен од болница

Познатиот фудбалскиот агент Мино Раиола е отпуштен од болница, објави „Football Italia“.

Рим, 22 јануари 2022 (МИА) – Познатиот фудбалскиот агент Мино Раиола е отпуштен од болница, објави „Football Italia“.

Педесет и четиригодишниот Италијанец се врати во својот дом во Монте Карло.

Раиола мина неколку недели во миланската клиника „Сан Рафаеле“ поради здравствени проблеми.

Претходно претставници на агентот ги демантираа информациите за негова итна хоспитализација и наводно критична состојба.

Раиола е застапник на играчи како Хенрих Мхитарјан, Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Џанлуиџи Донарума и други. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close