0_Web_АктуелноДописници МКДОпштински вести

Развој на Попова Шапка преку унапредување на инфраструктурата

Унапредување на инфраструктурата, потребно е да се изгради нова жичарница за да се стигнува полесно до ски центарот, да се создадат повеќе паркинг места и сместувачки капацитети. Ова денеска го истакнаа најголемиот дел од учесниците на дебатата за развој на Попова Шапка, во организација на Општина Тетово.

Тетово, 28 јануари 2022 (МИА) – Унапредување на инфраструктурата, потребно е да се изгради нова жичарница за да се стигнува полесно до ски центарот, да се создадат повеќе паркинг места и сместувачки капацитети. Ова денеска го истакнаа најголемиот дел од учесниците на дебатата за развој на Попова Шапка, во организација на Општина Тетово.

И досега имало дебати, но без работа и резултати. Се надеваме дека оваа ќе биде последна дебата и понатаму ќе има работа. Сакаме Општина Тетово, ЕЛЕМ Турс и министерствата да соработуваат и да има работна хармонија, да не си прават проблеми едни на други. За нас како примарна точка ни е изградбата на жичарата ТетовоПопова Шапка. Ако тоа успееме да го изградиме, сите други проблеми како домино ефект ќе се решат, истакна Бурим Исљами, учесник на дебатата.

Хамди Сулејмани од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“  рече дека има делови од мастер планот од 2012 година, кои може да се искористат за развој на ски центарот.

-Може да се рече дека првата фаза е решена со шестоседот. Но, пошироко зборува тој план, но само за скијачките терени, а не за викенд населбата или ски центарот каде треба да се развиваат нови капацитети и хотелиБараме ДУП за сите места во ски центарот. Не може да има 30 илјади посетители, а да нема легла и паркинг места. Дел од позитнвите работи, да се земат од мастер планот за ски лифотви и патеки, рече Сулејмани.

Валентин Тасевски посочи дека постои и некооперативност на сите нивоа во државата. Соопшти дека Попова Шапка е од државен иинтерес и освен за градот може да придонесе и за државата.

Решението мора да биде комплетно со сите фактрори, со граѓански иницијативи. Да прифатат институцитиите контра аргументирање од сите овие студиии кои постиојат да се извади најдоброто и конкректни резултати да се видат. Пристапот до Попова Шапка е најболенжално што со години наназад не се решава, иако годинава има позитивен знак за надминуавње, но не е доволно. На Попова Шапка има простор за многу повеќе паркинг места и тоа треба најбргу да се направи. Јас сум противник на тоа да се даваат енормни средства за гондолска жичарница затоа што мора прво овде да се среди инфраструктурата па потоа тоа, рече Тасевски.

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами рече дека негова заложба е конечно во 2022 година да се заврши со донесен ДУП за Попова Шапка. Тој рече дека има волја за соработка со централната власт за создавање на атрактивна туристичка дестинација. 

Другите прашања за развој на Попова Шапка се и решавање со проблем паркинзи и жичарницата од Тетово до тука и секако ски терените, создавање дополнителни можности за развој на летен и зимски туризам. Тука сме да кажеме дека работиме што побрзо центарот да биде развиена модерна дестинација и сите заедно да го надоместиме со заедничка работаИзразувам волја за соработка со сите институции од централна власт да работиме на развојот на Попова Шапка. Ние собираме понуди за нова гондола од Тетово до Попова Шапка, размислуваме за можноста за неколку катни гаражи, според мастер планот од 2012 предвидено е во иднина и нова викенд населбата во рамнината кон месноста Антени, за нов патен правец од населбата за кружно движење на возила за да нема метеж и слично, изјави Касами.

Тој рече дека има слична инвестиција во соседна држава каде гондола од девет километри е изградена за 13 милиони евра, додека тетовската жичарница е долга 6,5 километри. ас/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close