0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталДописници СветПолитика

Радев и Макрон во Стразбур разговараат за европската интеграција на Северна Македонија и за Шенген

Како што јави дописникот на МИА од Софија, тие  разговарале за прашањата поврзани меѓу Бугарија и Франција, за влезот на Бугарија во Шенген, како и за европската перспектива на Република Северна Македонија.

Спфија, 2 декември 2021 (МИА) – Бугарскиот претседател Румен Радев разговара во Стразбур со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти прес-службата на претседателот на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, тие  разговарале за прашањата поврзани меѓу Бугарија и Франција, за влезот на Бугарија во Шенген, како и за европската перспектива на Република Северна Македонија.

Румен Радев на средбата истакнал дека Бугарија ги исполнила техничките критериуми за членство во Шенген уште во 2011 година и дека очекува тоа да биде признато од нејзините европски партнери.

Претседателот на Франција Емануел Макрон изразил принципиелна поддршка за позицијата на Бугарија.

Радев посочил дека Бугарија очекува конкретни резултати во дијалогот со Република Северна Македонија, што ќе гарантираат европски вредности во почитувањето на човековите права и прекин на говорот на омраза. нк/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close