0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Пјаниќ кариерата може да ја продолжи во Саудиска Арабија

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Миралем Пјаниќ може да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Интерес за играчот покажува тимот на Ал-Наср, објави „Sport.es“.

Мадрид, 2 јули 2022 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Миралем Пјаниќ може да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Интерес за играчот покажува тимот на Ал-Наср, објави „Sport.es“.

Неодамна, Руди Гарсија, кој работеше со Пјаниќ кога двајцата ја претставуваа Рома, ја презеде функцијата главен тренер на овој тим.

Барселона е подготвена да го ослободи 32-годишниот фудбалер за да заштеди на неговата висока плата.

Пјаниќ минатата сезона играше за Бешикташ на позајмица. За турскиот клуб одигра 26 натпревари и даде четири асистенции.

Неговиот договор со Барселона истекува во јуни 2024 година. Порталот „Трансфермаркт“ го проценува играчот од средниот ред на 11,5 милиони евра. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close