Општински вестиСкопје

Пуштена во употреба реновираната спортска сала во ООУ „Партенија Зографски“

Како што информираат од општината, во текот на изминатите неколку месеци стариот под бил целосно заменет со нов, а на новиот паркет е извршено облежување на игралишта за одбојка, ракомет и кошарка. Реконструкцијата вредна преку 2 милиони денари, опфатила и варосување на ѕидовите.

Скопје, 3 февруари 2021 (МИА)Со заеднички натпревар со учениците од ООУ „Партенија Зографски“, денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, и ракометарот Борко Ристовски, ја пуштија во употреба реновираната училишна спортска сала.

Како што информираат од општината, во текот на изминатите неколку месеци стариот под бил целосно заменет со нов, а на новиот паркет е извршено облежување на игралишта за одбојка, ракомет и кошарка. Реконструкцијата вредна преку 2 милиони денари, опфатила и варосување на ѕидовите.

– Со реконструкцијата на спортската училишна сала во ООУ „Партенија Зографски“ се создадени сите неопходни услови за подобро одвивање на настава по физичко образование. Организираните физички активности го јакнат квалитетот на живот на младите генерации и затоа е од голема важност, тие да се одвиваат во современа и здрава средина. Воедно, ова значи и унапредување на условите за работа за наставниците, што секако дава подобри резултати во наставниот процес, изјави градоначалникот.

Токму затоа, како што рече, инвестициите на Општина Кисела Вода во подобрување на училишната спортска инфраструктура продолжуваат.

– Во моментов, тече и целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Невена Георгиева Дуња“, информираше Ѓорѓиевски при денешната посета на ООУ Партенија Зографски”, каде на учениците им беа доделени и потпишани дресови. ар/са/

Таг
Back to top button
Close
Close