0_Web_АктуелноОпштински вестиСкопје

Пуштена во употреба жичницата до врвот на Водно

Од денеска повторно е во функција жичницата до врвот на Водно. Како што информираат од Град Скопје, согласно со протоколот на Комисијата за заразни болести во кабина е дозволено да се превезуваат максимум 4 лица, односно искористеност на 50 отсто од вкупниот капацитет на кабината, каде што патниците треба да носат заштитна маска.

Скопје, 30 декември 2021 (МИА) – Од денеска повторно е во функција жичницата до врвот на Водно. Како што информираат од Град Скопје, согласно со протоколот на Комисијата за заразни болести во кабина е дозволено да се превезуваат максимум 4 лица, односно искористеност на 50 отсто од вкупниот капацитет на кабината, каде што патниците треба да носат заштитна маска.

Посочуваат дека во текот на денот ќе се врши дезинфекција на внатрешноста на кабините. Жичницата ќе работи секој ден, освен секој понеделник и последниот вторник во месецот. Автобуските линии за време на викенд и за државни празници се бесплатни за сите категории патници. Дозволен е превоз на домашно милениче куче со мал/среден раст и превоз на куче/придружник на лицата со хендикеп.

Воедно, информираат дека во оптек се пуштени и трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б).

За градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, жичницата е неопходност за скопјани и потенцира дека изминатиов период се завршени сите неопходни процедури за пуштање на жичницата во функција од технички и безбедносен аспект.

– Долго време жичницата не функционираше, но веќе од денеска сите граѓани повторно можат да ја користат. Воедно пуштени се и трите автобуски линии до Средно Водно, истакна Арсовска.

– Во изминатиов период направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од Државен инспектор за жичници, како и редовен технички преглед. Жичницата е повторно функционална и скопјани можат да ја користат, изјави директорот на ЈСП, Иван Илиевски на денешната проверка што ја изврши заедно со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.фф/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close