НАТО драстично го промени својот стратешки концепт, документ од 16 страници што последен пат беше ревидиран во 2010 година. Тогаш тој воопшто не ја спомуваше Кина, а зборуваше за Русија како „стратешки партнер“. Вагхорн забележува колку светот се променил за само десет години. Другата клучна работа од самитот на НАТО е планот за драматично зголемување на бројот на војници на НАТО во единиците за брза реакција од 40.000 на дури 300.000. Тој план е сè уште пуста желба, но треба да ја трансформира способноста на НАТО брзо да реагира на вонредни ситуации.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.
+389 2 2461600
marketing@mia.mk