0_Спорт.ПорталФудбал

ПСЖ сака да го размени Икарди за Агуеро

Пари Сен Жермен сака да го размени напаѓачот Мауро Икарди со фудбалерот на Барселона, Серхио Агуеро, пренесува „Ел Национал“.

Париз, 18 октомври 2021 (МИА) – Пари Сен Жермен сака да го размени напаѓачот Мауро Икарди со фудбалерот на Барселона, Серхио Агуеро, пренесува „Ел Национал“.

Според изворот, една од причините за евентуалниот трансфер е желбата на напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси да игра во ист тим со Агуеро.

Оваа сезона, играчот одигра еден натпревар за Барселона и нема постигнато гол.

Икарди учествуваше на 11 средби и постигна три погодоци. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close