0_Спорт.ПорталСпортФудбал

ПСЖ му нуди на Меси да потпише нов договор според шемата 1+1

Раководството на Пари Сен-Жермен е во преговори за продолжување на договорот со Лионел Меси.

Париз, 6 октомври 2022 (МИА) – Раководството на Пари Сен-Жермен е во преговори за продолжување на договорот со Лионел Меси.

Францускиот клуб му нуди на 35-годишниот Аргентинец да потпише нов договор 1+1, пренесува „Goal“.

Меси ќе донесе одлука за својата иднина по Светското првенство во Катар 2022 што ќе се игра од 20 ноември до 18 декември.

Претходно беше објавено дека Меси ќе го напушти парискиот клуб и ќе се врати во Барселона во јули кога ќе му истече актуелниот договор со францускиот клуб.

Меси беше играч на Барселона од 2004 година. Како дел од клубот, Аргентинецот десет пати го освојуваше шпанското првенство, осум пати го освојуваше шпанскиот Суперкуп, седум пати го освојуваше Купот на Шпанија, четири пати ја освои Лигата на шампионите, три пати Суперкупот на УЕФА и три пати Светското клупско првенство. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close