0_Спорт.ПорталСпортФудбал

ПСЖ е заинтересиран за Рашфорд, преговорите со неговите застапници се одвиваат добро

ПСЖ сака да го ангажира напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд во тековниот преоден рок.

Париз, 11 август 2022 (МИА) – ПСЖ сака да го ангажира напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд во тековниот преоден рок.

Парискиот клуб со неговите претставници разговара за можен трансфер на 24-годишниот напаѓач.

Преговорите се одвиваат добро, пишува „ParisFans“, повикувајќи се на „L’Equipe“.

Договорот на Англичанецот со Манчестер јунајтед е до летото 2023 година. За прв пат информациите за интересот на ПСЖ за него се појавија во јануари оваа година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close