Дописници МКДОпштински вести

Профункционира новата депонија за комунален отпад во гевгелиското село Ново Конско

Современата депонија за комунален отпад кај гевгелиското село Ново Конско денеска беше ставена во функција по пробно работење од еден месец и претходно добиена Б интегрирана еколошка дозвола, како и извршени санации на оштетената подлога.

Гевгелија, 27 мај 2022 (МИА) – Современата депонија за комунален отпад кај гевгелиското село Ново Конско денеска беше ставена во функција по пробно работење од еден месец и претходно добиена Б интегрирана еколошка дозвола, како и извршени санации на оштетената подлога.

Депонијата, по најсовремени европски стандарди, со помош на УНДП и јапонски грант од 960 000 евра беше изградена и предадена во употреба пред три години, време колку што ѝ требаше на локалната самоуправа да го заврши својот дел од обврските за нејзино денешно непречено ставање во функција.

Директорот на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија, Растко Чочков, посочи дека денеска со овој чин се става крај на одложувањето на отпад на дивата депонија кај Сува река.

– Новата депонија, која се простира на површина од 2 хектари, е изградена со сите заштитни мерки за околината. Отпадот секој ден ќе се компактира и депонира во хидроизолирани услови со покривање со глина и синтетички непропустливи материјали за да спречиме разнесување на отпадот и евентуално запалување, рече Чочков. им/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close