Дописници МКДОпштински вести

Професорот Пеце Николовски реизбран за претседател на Сенатот на УКЛО-Битола

Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола му довери втор мандат на проф. д-р Пеце Николовски од Економскиот факултет-Прилеп.

Битола, 29 ноември 2021 (МИА) – Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола му довери втор мандат на проф. д-р Пеце Николовски од Економскиот факултет-Прилеп.

Одлуката е донесена на седница на Универзитетскиот сенат, во постапка спроведена според утврдена процедура за избор на претседател на Универзитетскиот сенат и со тајно гласање.

-Професор д-р Пеце Николовски од Економскиот факултет во Прилеп, функцијата претседател на Сенатот на УКЛО ја извршуваше во претходен период од една година. Николовски е редовен професор Економскиот факултет, автор е на учебници, книги и учебни помагала за студентите од сите три циклуси на студирање. Негово поле на научна преокупација е ревизија на финансиски извештаи, финансиска анализа, финансиска контрола и сметководство, соопштија од секторот за односи со јавност на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола. мт/хс/

Таг
Back to top button
Close
Close