Дописници МКДОпштествоХроникаХроника.Портал

Пронајдено телото на 84-годишен жител од кочанско по кој се трагаше четири дена

Пронајдено е телото на 84-годишниот жител од селото Соколарци, по којшто се трагаше четири дена. Во соопштението од СВР-Штип се наведува дека вчера во Полициската станица во Кочани било приваено дека во одводен канал во село Соколарци кочански регион, бил пронајден починат 84 годишниот С.К.

Штип, 18 септември 2021 (МИА) – Пронајдено е телото на 84-годишниот жител од селото Соколарци, по којшто се трагаше четири дена.

Во соопштението од СВР-Штип се наведува дека вчера во Полициската станица во Кочани било приваено дека во одводен канал во село Соколарци кочански регион, бил пронајден починат 84 годишниот С.К. Од страна на неговото семејство било пријавено дека од својот дом се одалечил на 14 септември.

По пронаоѓање на неговото тело, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредната на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.вдј/лв/

Back to top button
Close
Close