0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштество

Промовирана снежна авантура на Галичица „Мобилен зимски авантуристички парк“

„Мобилен зимски авантуристички парк“ е новата туристичка авантура што ќе ја нуди алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид, а викендов во соработка со Планинската спасителна служба (ПСС), на планината Галичица ја промовираа пред охридските волонтери на Црвен крст и ателeтскиот клуб „Охрид трчаТ“.

Охрид, 19 април 2022 (МИА) – „Мобилен зимски авантуристички парк“ е новата туристичка авантура што ќе ја нуди алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид, а викендов во соработка со Планинската спасителна служба (ПСС), на планината Галичица ја промовираа пред охридските волонтери на Црвен крст и ателeтскиот клуб „Охрид трчаТ“.

За потребите на оваа нова туристичка содржина, во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, Антониот Додевски, раководител на ПСС информира дека се набавени 30 комплети опрема, кои содржат дерези за движење во длабок снег, гамашни, лопати за снег, лавински сонди, како и сетови за изучување и истражување на снежната покривка.

– Во комбинација со вештините на алпинистите од клубот, оваа опрема на посетителите ќе им овозможи незаборавни авантури, кои можат да бидат еднодневни со претежно забавен карактер до повеќедневни едукативни. Новата содржина, алпинистичкиот клуб „Патагонија“ во иднина ќе ја нуди на посетителите во околината на планинската куќа Спиридон на Галичица, кај ново изградениот планинарски дом во Брежани, општина Дебарца, но и на други локации во регионот, погодни за таа намена, изјави Додевски.

Промотивната активност, како и целокупната опрема за потребите на алпинистичкиот клуб „Патагонија“ е финансирана од Европската унија, ИПА програмата за прекугранична соработка со Албанија и Министерството за локална самоуправа и има за цел збогатување на туристичката понуда во регионот, проширување на туристичката сезона, обезбедување одржливост на клупските активности, како и пример за креирање нови содржини, кои овозможуваат одржливо искористување на природата во заштитените подрачја и националните паркови. сс/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close