0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталВременска прогнозаОпштество

Променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со слаба магла и ниска облачност по котлините. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Скопје, 17 ноември 2021 (МИА) – Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со слаба магла и ниска облачност по котлините. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне со слаба магла и ниска облачност, а попладне умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време, со појава на магла и значителна ниска облачност претпладне по котлините. Во западните делови во четврток ќе има услови за локален дожд.

Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер. ар/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close