Некатегоризирано

Променливо облачно, преку денот нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Преку денот ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Скопје, 18 септември 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Преку денот ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 25 до 33 степени.

Во Скопје, променливо облачно. Преку денот ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 28 степени.

Во недела времето ќе биде променливо облачно, претпладне со локален пороен дожд и грмежи. Услови за локален пороен дожд ќе има и во понеделник. Од вторник ќе преовладува претежно стабилно време со пониски дневни температури.

Back to top button
Close
Close