Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Промена на досегашните стратегии за доброто на сите граѓани на Кичево, бара од гласачите кандидатот за градоначалник Билески

Отпор и будење на народот, спротивставување на тридецениските идентични политики на двоецот левица, десница,што конечно мора да заврши. Во исто време ни треба промена на стратегиите за доброто на сите нас, нагласи кандидатот за градоначалник на општина Кичево на претстојните локални избори на партијата „Македонска ера трета“, Ѓорѓи Билески.

Кичево, 15 октомври 2021 (МИА) – Отпор и будење на народот, спротивставување на тридецениските идентични политики на двоецот левица, десница,што конечно мора да заврши. Во исто време ни треба промена на стратегиите за доброто на сите нас, нагласи кандидатот за градоначалник на општина Кичево на претстојните локални избори на партијата „Македонска ера трета“, Ѓорѓи Билески.

Тој посочи дека соживотот е една од најважните алки за раст и развој на градот и општината. Побара соживот наспроти етнички поделби и меѓунационални недоразбирања од секаков вид. Според него, тоа е излезот од оваа апатија и беспесперктивност, како што рече, што го живее нашиот град,

Билески ги истакна приоритетите на кои ќе се посвети во идниот четиригодишен мандат, ако го изберат граѓаните.

-Во наредниот период ќе се даде приоритет на обновливите извори на енергија кои нема да загадуваат и да бидат штетни по здравјето за месното население а за да се намали потрошувачката на енергенси, неопходно е инсталирање на фотоволтаични системи на покривите  од  домовите, нагласи Билески.

Порача дека спортот во иднина ќе има висок приоритет во неговата агенда и што повеќе ќе се вложува во оваа гранка, уште повеќе ќе се враќа со резултатите на екипите од градот. Ги наведе и инфраструктурните приоритети кои треба да бидат завршени во наредниот четиригодишен мандат.

– Во наредните четири години ни треба итна заложба за изградба на надвозник за пешаци кај дивиот премин во месноста Раштански Пат. Во градот недостигаат тротоари и велоспиедски патеки кои се ургентно потребни за поубав живот на граѓаните.Инфраструктурните промени ќе доведат и до намалено иселување на жителите од овој регион и поголем интерес на инвеститорите чии приоритети се квалитетна инфраструктура за да можат полесно да ја донесат својата одлука, изјави кандидадот за градоначалник Билески.

Апелираше до граѓаните да гласаат за име, а не за партија. за/цр

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close