Општински вестиСкопје

Пролетна работна акција во Ѓорче Петров

Во рамки на пролетната акција за генерално чистење на Општина Ѓорче Петров, досега се одложени приближно 70 кубни метри кабаст отпад во специјалните садови што ги постави ЈП „Комунална хигиена“, секојдневно се врши миење и дезинфекција на контејнерите, санирани се оштетувања на неколку заменети се оштетените сенила на семафорите.

Скопје, 18 мај 2022 (МИА) – Во рамки на пролетната акција за генерално чистење на Општина Ѓорче Петров, досега се одложени приближно 70 кубни метри кабаст отпад во специјалните садови што ги постави ЈП „Комунална хигиена“, секојдневно се врши миење и дезинфекција на контејнерите, санирани се оштетувања на неколку заменети се оштетените сенила на семафорите.
-Исто така, се врши рачно чистење на сливници, шахти, миење со цистерна со вакуум и цистерна под притисок. Тимот на ЈП „Лајка“ постапува на четири клучни локации во општината, а досега се заловени осум кучиња. Во рамки на пролетната работна акција, ЈП „Дрисла“ го складира и депонира комуналниот отпад, градежниот шут и другите видови отпад што се собираат на територијата на Општина Ѓорче Петров, информираат од општината.
Пролетната акција во Ѓорче Петров се спроведува на целата територија на општината и ќе трае се до 20 мај. ки/дма/

 

Back to top button
Close
Close