КултураКултура.Слајдер

Проекција на долгометражниот филм „ТМ“ во Центарот за култура во Куманово

Во НУЦК „Tрајко Прокопиев” во Куманово вечер од 19.30 часот ќе биде прикажан 60-минутниот долгометражен филм „ТМ“, снимен според сценарио и режија на Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов, кој е нивни втор долгометражен филм по филмот „Копање“ од 2018 година.

Скопје, 20 септември 2021 (МИА) – Во НУЦК „Tрајко Прокопиев” во Куманово вечер од 19.30 часот ќе биде прикажан 60-минутниот долгометражен филм „ТМ“, снимен според сценарио и режија на Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов, кој е нивни втор долгометражен филм по филмот „Копање“ од 2018 година.

Главните улоги ги играат Ивица Димитријевиќ и Наталија Теодосиева, а учествуваат и Гораст Цветковски, Димитрија Доксевски, Александар Ѓоргиески, Драгана Костадиновска, Џано Куч, Срѓан Јаниќијевиќ, Александар Степанулески, Сашо Алексиевски, Марко Крстевски и Владица Младеновски.

Влезот за посетители ќе биде со донација на врата и согласно важечките здравствени протоколи за настани во затворен простор. Организатор на проекцијата е „Ваер ентертејнмент“ од Куманово. ар/хс/

Таг
Back to top button
Close
Close