Општински вестиСкопје

Проект „Создавање европска општина: политика на интегритет за нула корупција“ во Аеродром

Општина Аеродром го почна проектот „Создавање европска општина: политика на интегритет за нула корупција“, кој предвидува изградба на систем за антикорупциски мерки. Како што соопштија општинските власти, целта е да се воведе нова политика во водењето и работата на општината.

Скопје, 14 јануари 2022 (МИА) – Општина Аеродром го почна проектот „Создавање европска општина: политика на интегритет за нула корупција“, кој предвидува изградба на систем за антикорупциски мерки. Како што соопштија општинските власти, целта е да се воведе нова политика во водењето и работата на општината.

Градоначалникот на Општината, Тимчо Муцунски на денешната средба со Даниел Браун, директор на фондацијата Конрад Аденауер договори соработка која предвидува фондацијата да ангажира реномирани домашни и меѓународни експерти кои во наредните четири години ќе ѝ помагаат на општина Аеродром да стане општина без корупција.

-Проектот ќе се работи во однапред утврдена методологија со јасно дефинирани цели и анализа на резултати. Целосната имплементација на овој проект ќе гарантира дека парите на граѓаните ќе завршат на вистинското место и на тој начин ќе добијат поголема транспарентност за нашата работа, соопштија од Општината.бт/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close