0_МИА Истражува.ПорталСторија

Проекти за нови знаења на онлајн маркетинг и пријателство меѓу Северна Македонија и Грција преку ЕУ програмата на Еразмус +

Ако на политичарите им треба години па и децении за да склучат договор и примирје меѓу двете земји, тоа на обични институти, компаниите и училиштата, односно учениците и наставниците им оди многу кратко, во само неколку дена. Преку овој заеднички проект во 10 тина дена учесниците од двете соседни земји освен теорија имаа и стручни искуства во разни подобласти од темата. Воедно учениците од двете земји меѓусебно се спријателија и дружеа, а нивните пријателствата меѓу два соседни народа како резултат на овој проект ќе траат уште долго.

Велес, јуни 2022 (МИА) – Во периодот од 1 до 14 мај шест ученици од ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес, и нивната наставничка Маја Талеска Панова, која е координатoр на проектот за ова училиште, учествуваа на Еразмус+ програма за Мобилност за стручно образование и обука која се одржа во Атина, Грција, заедно со економските училишта „Кузман Јсосифовски-Питу“од Прилеп и Екномското „Перо Наков“ од Куманово. Домаќин беше INPLANET, која е едукативна и културна организација со долгогодишно искуство во програмите Еразмус+. Во проектот беше вклучена и организацијата координатор на конзорциумот Европски Волонтерски и Едукативен центар од Кочани на тема ,,Развој на претприемништвото преку интернет и социјалните медиуми“.

Ако на политичарите им треба години па и децении за да склучат договор и примирје меѓу двете земји, тоа на обични институти, компаниите и училиштата, односно учениците и наставниците им оди многу кратко, во само неколку дена. Преку овој заеднички проект во 10 тина дена учесниците од двете соседни земји освен теорија имаа и стручни искуства во разни подобласти од темата. Воедно учениците од двете земји меѓусебно се спријателија и дружеа, а нивните пријателствата меѓу два соседни народа како резултат на овој проект ќе траат уште долго.

Стекнување стручно искусво од областа на дигиталниот маркетинг

Главна цел на проектот „Развој на претприемништвото преку интернет и социјални медиуми“ беше обуката според теоретските знаења и стекнувањето стручно искуство за учениците од областа на дигиталниот маркетинг.

Димитрис Соулитиос, од хостинг организација INPLANET, за МИА информира дека проектот имаше за цел да ги запознае учениците со Стратегиите за промоција и да ги поттикне да ги користат алатките на социјалните медиуми за рекламирање на услуги и производи.

Во текот на нивната пракса, учениците дејствуваа како потенцијални претприемачи кои се обидуваа да ги искористат предностите на современите маркетинг трендови за да станат поконкурентни на домашниот и светскиот пазар преку пристап до Интернет.

– Грција има долгогодишно искуство во тие области, особено поради потребата од ефективно промовирање на туризмот и соодветно на производите кои се произведуваат исклучиво во Грција. Тие се извезуваат низ целиот свет и се поврзани со богатата флора на земјата што не се среќава на друго место, потенцира Соулитиос.

Проектот со повеќе резултати за учесниците

Во комбинација со едукативни и културни посети и јазични курсеви, резултатите од проектот за учесниците се: 1. разбирање на техниките за промоција во социјалните медиуми 2. разбирање на системот за управување со клиенти3. изработка на стратегија за социјално вмрежување 4. примена на маркетинг правила според целната публика 5. зајакнување на чувството за одговорност кон потрошувачот 6. стекнување интерес и развој на иницијативи за користење и промоција на онлајн продавници 7. запознавање со културата на грчкиот народ преку културни активности 8. запознавање со патување во странство 9. практиката на странски јазици 10. свесноста за нивниот европски идентитет 11. стекнување нови пријатели или потенцијални партнери. 12. сертификација на стекнатото знаење (Europass Mobility) кое ќе биде признаено низ цела Европа

Тој појаснува дека проектот беше од корист за училиштето, но и за сите партнери преку дисеминација на резултатите од обуката.

– Тоа ќе ја зголеми нивната видливост и ќе добие европска димензија. Тоа ќе го отвори патот за идна соработка училиштата од двете земји во рамките на стратешки партнерства за да се преговара за прашања поврзани со интересот на учениците и наставниците по стручно образование.појаснува Соулитиос.

Наставникот вклучен во проектт се запозна со грчкиот систем за стручно оспособување

Воедно друга цел на придружниот наставник беше да се запознае со грчкиот систем за стручно оспособување и Стажирање, систем на транзиција од училиште на пазар на труд.

-Мобилноста имаше за цел да ја покрие потребата учениците и наставниците да стекнат добри практики и потоа да ги пренесат, појасни Соулитиос.

Очекуваните резултати од учеството на наставниците во мобилноста се: 1.запознавање со соодветните наставни програми во Грција 2. учење на нови техники за обука корисни за наставата на училиште 3. оптимизација на процедурите за управување со стажирање 4. подобрување на комуникацијата помеѓу училиштето и работодавците на учениците 5. вмрежувањето со грчките организации со кои ќе останат во контакт и ќе користат знаење во иднина.

Велешка Економска дел од европската програма Еразмус+

ОСУ „Јовче Тесличков“ од Велес попознато како Економското училиште од Велес како дел од образовниот процес ја реализира програмата Еразмус + на Националната агенција за образовни програми и мобилност финансирана од европските фондови, во кое е вклучено од повеќе од десет години поточно од 2012 година и јас како координатор на ЕУ програмата Еразмус +, вели за МИА професорката Маја Талеска Панова од ова училиште, координатор на проектот.

– На стекнатите знаења од училиштето требаше да им се даде нова димензија, да се прошират, да се стават во новиот тек на динамичниот развој на социјалните медиуми и да му се додадат нови вредности на денешниот претприемач и неговиот многу динамичен бизнис. Токму ваквата шанса која ја имаа нашите ученици е потребна на секој млад човек, потенцира Талеска Панова.

Таа појаснува дека преку овој проект учениците имаа можност реално да го почувствуваат значењето на социјалните медиуми за еден успешен бизнис.

-На учениците-учесници им беше дадена можност да учат преку реални задачи на медиумски кампањи на фирмата „Karasantes“ употребувајќи дигитални алатки за претставување на социјалните медиуми фејсбук, инстаграм, веб дизајн,информира Талеска Панова.

Воедно појаснува дека нивните ученици се запознале со успешната грчка фирма SKROUTZ која е нов тренд во онлајн бизнисот преку социјалните медиуми, бизнис идеја која се уште не е реализирана на пазарот кај нас и е еден иновативен предизвик за ученици на полето на креирање нови бизниси.

Таа потенцира дека посебно треба да се нагласи професионалниот пристап во работата кој можел да се почуствува во една ваква работна средина. Воедно и различниот начин на учење кој им го пренесе професорот Јанис Макрис од атинскиот Универзитет за претприемништво.

-Кога сето ова ќе му се овозможи на еден млад човек резултатот е неизбежен, нови погледи на светот, нов пристап кон начинот на совладување на нови знаења , нови предизвици за освојување. Како резултат на сето ова тогаш овие млади луѓе стануваат полни со самодоверба и добиваат нов импулс за креирање на подобра иднина,потенцира професорката Талеска Панова.

Учениците ја запознаа културна разгледница на Атина

Културната разгледница на Атина претставена од античко време до пребрзиот современ начин на живот, посебно убавините на Акрополис, пристаништето Пиреа, островот Егина.

Таа информира дека учениците имале и часевите по грчки јазик, со што само ги надополнија впечатоците и искуствата кои ги стекнаа преку овој проект.

-На секој треба да му се даде Еразмус + шанса, можеби оттаму ќе почне нов предизвик!, потенцира Талеска Панова.

Проевропскиот дух се широ меѓу учениците

-Повеќе од три недели по нашето враќање во нашето училиште, влијанието на програмата е многу интензивно и од соработката што ја воспоставивме меѓу институтите, училиштата, компаниите. Нашите ученици и наставници како резултат на сето тоа се чувствуваат европски и дел од нив ќе бидат поспремни да учествуваат во европските партнерства и соработки, смета проф. Маја Талеска Панова.

Таа порачува дека на секој ученик треба да му се даде Еразмус +шанса, за нов предизвик.

Учениците се импресионирани од дигиталниот маркетинг и електронска трговија можност за нивна идна професија.

Наташа од 3 тто в од ОСУ „Јовче Тесличков“ од Велес една од учесничките во проектот вели дека добиле многу повеќе одколку што очекувале.

– Во моментот додека престојувавме бевме постојано ангажирани и не бевме свесни што се учиме ,дури после една недела полека почнаа да ни се средуваат впечатоците. Дефинитивно Дигиталниот маркетинг и електронската трговија е дел од сегашноста и иднината на бизнисите, потенцира Наташа.

Додава дека имале можност да работат со професионалци од светот на веб маркетингот и социјалните медиуми, да креираат медиумски кампањи под менторство на професорот Јанис Макрис од Атинскиот универзитет за претприемништво. Воедно и да се запознат со големиот бизнис на г-дин Константинос кој покрај професионалната обука им открил многу тајни од неговиот успешен бизнис благодарение на неговото големо искуство, иако има само 34 години.

-Имавме можност да се дружиме со нашите врсници од стручното училиште Глифада, и да ги размениме нашите светови. Атина ја доживеавме како приказна од грчката митологија, но и како еден брз, динамичен и напорен повеќемилионски град. И на крај сакам да се заблагодарам на топлото гостопримство од страна на нашиот домаќин г-дин Димитрис Соуилиотис и г-дин Благој Ристов и Еви нашата професорка по грчки јазик. Посакувам уште многу Ерасмус искуства бидејќи така растеме како личности, вели Наташа.

Како дел од учесниците во Erasmus+ на Националната агенција за образовни програми и мобилност финансирана од европските фондови. Беше чест да се биде дел од патувањето во Грција кое се одржа од 1ви до 14 мај 2022 година, појаснува ученичката од Економска од Велес, Сара Јанкуловска.

-Искуството да се биде дел од секаков вид на патување само по себе е прекрасно и носи возбуда со секој изминат километар. Можноста да бидеме дел од обуката за дигитален маркетинг и социјални медиуми ни донесе неверојатни резултати и искуство кое можеме да го примениме во иднина.Се запознавме со различни фирми како што се Karasantes, употребувајќи различни алатки за креирање на професионални- бизнис страници на социјалните медиуми, инстаграм, фејсбук, твитер… кои беа дел од процесот на обуката, вели Сара.

Таа се информирала дела грчката фирмата Skroutz која е тренд за онлајн бизнисот преку социјални медиуми е одлична бизнис идеја која сеуште не е развиена на нашиот македонски пазар и би била доста успешна ако и кај нас се реализира.

-Доста интересни ни беа часовите по обука со професор Јанис Макрис од Атинскиот универзитет за претприемништвоТој преку лесен пристап со задачи и алатки ни овозможи да осознаеме како да го продадеме нашиот производ на пазарот на социјалните медиуми и многу други идеи со кои можеме да се послужиме во иднина, потенцира ученичката Сара.

Таа информира дека покрај обуката имале време и за шетање и осознавање на убавините на Атина како и запознавање на нејзината историја од античкиот период ,како и преку прекрасен приказни со кои ги осознале елементите на грчката култура.

Додава дека прошетката се состоела во посета на многу културолошки градби и настани, како што е музејот на Акрополос, самиот Акрополис, Универзитет на науки и уметност, околината на Атина и самиот центар на градот во кој самото присуство вдахнува отварање на умот и нови погледи кон светот.

-Можноста да се биде дел од овој проект треба секој барем еднаш да ја искуси, да ја почувствува еуфоријата што ја носи со себе. Самодовербата која доаѓа сама од себе и спомените кои го остава зад себе,потенцира ученичката Сара Јанкуловска од Економска од Велес.

Првичната идеја за проектот беше да се искористи нискокалоричната слама од оризовата арпа

Благој Ристов претседател на ЕВЕЦ – Европски волонтерски едукативен центар од Кочани кој го изработи проектот за МИА информира дека првичната идеја за проектот се зародила во Кочани, градот во кој што е роден, градот во кој што го завршил основно и средно образование како економски техничар.

-Во време на дигитализација и развиена еколошка свест кочанчани гледаат како секоја есен градот се гуши во смогот кој се создава од палењето на сламата во кочанското поле после жетвата на оризот, потенцира за МИА Благој Ристов претседател на ЕВЕЦ.

Тој појаснува дека немањето на идеја што да се прави со огромните количини на ниско калоричната слама која ниту животните ја јадат, ниту може да се искористи во кочанската сегашна индустрија, го инспирира да ги поврзе средношколците од економските паралелки во СОУ „Љупчо Сантов“ од негвото родно Кочани со маркетинг компании од Атина, градот во кој го основал своето семејство и сега живее за да се најде решение за загадувањето.

-Си мислев доколку грчките маркетинг агенции им дадат дигитално знаење, вештини и маркетинг алатки на кочанските млади економисти, овие ќе можат да ја понудат бесплатната оризова слама на интернет .Со тоа можеби некоја компанија ќе види профит во таа идеја и ќе помогни да се реши или евентуално да се намали аеро загадувањето во Кочани и кочанско.Но како што секогаш бива во Македонија, идејата иако целосно финансирана од програмата Еразмус+ и не бара никакво материјално учество од учесниците во проектот не беше реализирана како што беше замислена, појасни Ристов.

Тој појаснува дека училиштето каде што го завршилсвоето средно образование едноставно не одговорило на неговиот повик за учество во заеднички проект.

-Незнам зошто. Можеби и јас не инсистирав премногу, можеби во тој период имале други поважни обврски, но тоа им даде шанса на други три економски училишта да испратат свои ученици во Атина. Тоа се училиштата СОУ „Јовче Тесличков“ од Велес, СОУ „Кузман Јосифовски-Питу“ од Прилеп и СОУ „Перо Наков“ од Куманово, појаснува Ристов.

Тој информира дека потоа направил малку видоизменет нов проект во кој воопшто не се споменува оризовата слама и аеро загадувањето во Кочани.Но посочува еден ден и тоа наскоро и тој проблем со оризовата слама и загадувањето на жителите на Кочани, сепак треба да се реши.

Проектот трансформиран во нов-Онлајн маркетинг според грчки искуства – шанса за идна работа на македонските ученици

Благој Ристов информира дека затоа се одлучиле на еден нов актуелен проект да обучат 26 ученици од овие три македонски економски училишта и да им дадат знаење поврзано со онлајн маркетинг и тие да се вратат назад во земјава со со иновативни идеи за бизнис.

Воедно и заедно да ја истражат Атина како археолошки и културен столб на старата грчка култура.

Ристов информира дека економските училиштата од Велес, Прилеп и Куманово со задоволство го прифатиле предизвикот, а партнерите од Атина го прифатиле предизвикот грчките маркетинг агенции по прв пат да ги запознаат со ученици од Северна Македонија кој е еден сосема нов и неистражен пазар за нив.

-Не знаевме што да очекуваме. Не знаевме дали знаењето кое го имаат учениците ќе биде мало, доволно или преголемо за работата и тековните активности со кои се соочуваат овие компании. И на крај се испадна совршено. Високо професионалниот однос на домаќините со желбата на нашите ученици да научат и да видат што е можно повеќе, инспириран од преубавата Атина не остана без резултати. Збогувањата на крајот од проектот беа под силен емотивен набој и многу солзи што кратко траеше прекрасно поминатото време и новите стекнати пријателствата на мекедонските со ученици од Атина.Воедно и големата желба на атињаните да ја посетат нашата земја, потенцира Ристов.

Воедно информира дека како резултат на овој проект една ученичка од Куманово добила понуда од една грчка маркетинг компанија.

-Директни контакти со професори и бизнисмени од секторот маркетинг од Атина, нови знаења кои се пред се во промоција на бизниси и алатки за маркетинг кои веќе функционираат во Грција и тежат по неколку милиони евра профит.Тие сеуште не се ни во зачеток во нашата земја, но затоа можат да се искористат како иновативни идеи од учесниците на проектот, потенцира Ристов.

Додава дека запознавањето на учесниците со Грција од една друга преку нови бизнис практики и идеи е сосема различна од стереотипот меѓу македонските ученици кои пред тоа знаеле само за песочните плажи на Халкидики.

– Интеркултурниот момент овозможен преку посетата на најзначајните културолошки локации на грчката цивилизација презентирани од професионални водичи, локалната храна и егзотичноста на атинската ривиера како дополнување на економскиот практичен дел на овој интересен иновативен проект, само придонесоа плус овој проектот да заврши со успех. Затоа би сакале да го повториме, но и во скора иднина да го надоградиме со нови иновативни бизнис идеи и практики,порача Благој Ристов.

Антоанела Димитриевска

Back to top button
Close
Close