Општински вестиСкопје

Продолжува чистењето на кејот на реката Вардар

Во изминатите денови екипите на ЈП „Улици и патишта“ го чистат делот на кејот на река Вардар од пешачкиот мост кај населбата Злокуќани кон хотелот „Александар Палас“ и со тримери ја сечат обраснатата вегетација од косините на овој потег, информираат од Град Скопје.

Скопје, 25 мај 2022 (МИА) – Во изминатите денови екипите на ЈП „Улици и патишта“ го чистат делот на кејот на река Вардар од пешачкиот мост кај населбата Злокуќани кон хотелот „Александар Палас“ и со тримери ја сечат обраснатата вегетација од косините на овој потег, информираат од Град Скопје.

– Досега се исчистени деловите од Железниот мост во Влае до мостот кај хотел „Александар Палас“. Активностите се одвиваат од двете страни од кејот, исто така исчистен е просторот од мостот „Обединети Нации“ до Железниот мост во Влае, како и делот кај „Желениот мост“ до објектот на ТВ Канал 5, се вели во соопштенито.

Во наредниот период, од Град Скопје соопштија дека чистењето продолжува со сечење на обраснатата вегетација на кејот на реката Вардар, согласно Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2022 година. ки/нд/

Back to top button
Close
Close