Дописници МКДОпштински вести

Продолжува соработката помеѓу Општина М.Каменица и невладината организација ЦПЛИП ,,Порака“

Продолжува соработката помеѓу Општина Македонска Каменица и невладината организација ЦПЛИП „Порака“ од Македонска Каменица. На средбата реализирана по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, од страна на градоначалникот Димчо Атанасовски, ова хуманитарно здружение доби благодарница за акциите што ги преземат за да им помогнат на маргинализираните групи на граѓани.

Македонска Каменица, 4 декември 2021 (МИА) – Продолжува соработката помеѓу Општина Македонска Каменица и невладината организација ЦПЛИП „Порака“ од Македонска Каменица.
На денешната средба реализирана по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, од страна на градоначалникот Димчо Атанасовски, ова хуманитарно здружение доби благодарница за акциите што ги преземат за да им помогнат на маргинализираните групи на граѓани.
– Треба уште многу да работиме на градење партнерство со лицата со попреченост преку невладините организации и бизнис секторот со што поенергично ќе ги рушиме бариерите кон инклузијата и еднаквоста на овие наши сограѓани, истакнаа од Општината.

На средбата Атанасовски посочи дека на тој начин ќе се почитува Конвенцијата на Организацијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост која Македонија ја потпиша и ратификува уште во далечната 2007 односно 2011 година.

По средбата заедно ги посетија домовите на дел од најранливата група на граѓани и поделија симболични хуманитарни пакети. вс/ки/

Back to top button
Close
Close