Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Продолжува реализација на иницијативата „Младите за почисто и поубаво Делчево“

Во Делчево продолжува реализацијата на иницијативата „Младите за почисто и поубаво Делчево“.

Делчево, 19 септември 2021 (МИА) – Во Делчево продолжува реализацијата на иницијативата „Младите за почисто и поубаво Делчево“. По тој повод денешниот ден беше искористен за уредување на реконструираното детско игралиште во населбата Милково Брдо каде група од 30 дечиња вршеа обнова на бојата на поставените реквизити. Леонтина Вирчанска учесник во акцијата изрази благодарност до Општината за излегувањето во пресрет за реконструкција на игралиштето на улицата „Григор Прличев“ во Делчево.

– Ние баравме реконструкција на летниковецот кој беше скршен, на клупите, лулашките, возот, лизгалката и клацкалките. Откако ни излезе во пресрет Општината за што сме многу благодарни, решивме да организираме акција со учество на околу 30 деца кои денеска заеднички се собравме да ги исфарбаме сите реквизити, рече Вирчанска.

Апелираше по завршувањето на акцијата сите подеднакво да се грижат за игралиштето, со цел децата да можат подолго време да го користат.

– Ако се случи истата ситуација како претходно навистина ќе биде грда слика како што беше и порано. Затоа апелираме да не се кршат реквизитите и да се чува ова игралиште, за да имаме едно убаво катче за забава на сите дечиња од населбата Милково Брдо, додаде Виранска.

Во наредниот период на ова игралиште активностите во рамки на проектот „За почисто и поубаво Делчево“ ќе продолжат со реконструкција на теренот за кошарка, со што активноста успешно ќе биде заокружена. вс/оџ/

 

Back to top button
Close
Close