Дописници МКДОпштински вести

Продолжува превентивната кампања „Безбедно лето 2022“ на СВР Куманово

Во рамки на превентивната кампања „Безбедно лето 2022“, отсекот за превенција при СВР Куманово спроведе превентивна акција, со цел подигање на свеста кај возачите односно зголемување на сообраќајната култура, информираа денеска од СВР Куманово.

Куманово, 17 август 2022 (МИА) – Во рамки на превентивната кампања „Безбедно лето 2022“, отсекот за превенција при СВР Куманово спроведе превентивна акција, со цел подигање на свеста кај возачите односно зголемување на сообраќајната култура, информираа денеска од СВР Куманово.

– На возачите им беа поделени летоци со едукативни содржини, а исто така беше разговарано со нив за актуелни теми од областа на безбедноста на сообраќајот од важноста за користење појас, да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да ја почитуваат препорачаната брзина, да не возат под дејство на алкохол. Воедно, на непрописно паркираните возила беа поделени летоци во форма на платен налог, соопштија од СВР Куманово.

Ваквите превентивни акции, сметаат надлежните, директно влијаат на подигањето на нивото на сообраќајна култура. Акциите придонесуваат за актуализирање на предизвикот за безбедно учество во сообраќајот на сите учесници, пешаци, возачи, велосипедисти, мотоциклисти.

Отсекот за превенција, со превентивните активности продолжува и во наредниот период. aм/рп/

 

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close