Општински вестиСкопје

Продолжуваат приемните денови за жителите на општина Кисела Вода

Четириесетина граѓани на заедничка маса дискутираа околу проблемите што ги имаат и динамиката на нивното решавање, а се споделија и идеи и предлози за реализација на нови проекти во Општина Кисела Вода на средба со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје, 25 јуни 2022 (МИА) – Четириесетина граѓани на заедничка маса дискутираа околу проблемите што ги имаат и динамиката на нивното решавање, а се споделија и идеи и предлози за реализација на нови проекти во Општина Кисела Вода на средба со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Како што пренесуваат од Општина Кисела Вода, градоначалникот Ѓорѓиевски ги информирал граѓаните за преземените активности и плановите на локалната самоуправа кои се поврзани со нивното место на живеење. Граѓаните, пак, пренесуваат, посочиле на новонастанатите проблеми, за што добиле уверување за побрза реакција.

Од општината велат дека приемните денови ќе продолжат со несмалена динамика. ар/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close