Дописници МКДОпштински вести

Програма за третман на органски дрвенест отпад од лозови насади, овоштарници и винарии во Неготино

Во Неготино вечерва беше презентирана програмата за третман на органски дрвенест отпад од лозови насади, овоштарници и винарии. Настанот беше организиран од Здружението на енергетски менаџери „EUREM MK Alumni“ при Комората на мал бизнис,  со поддршка и организација од невладината организација „Ековита" од Неготино, членка на Мрежата на зелено социјално претприемништво при Комората на мал бизнис.

Неготино, 21 септември 2021 (МИА) – Во Неготино вечерва беше презентирана програмата за третман на органски дрвенест отпад од лозови насади, овоштарници и винарии. Настанот беше организиран од Здружението на енергетски менаџери „EUREM MK Alumni“ при Комората на мал бизнис,
со поддршка и организација од невладината организација „Ековита” од Неготино, членка на Мрежата на зелено социјално претприемништво при Комората на мал бизнис.
Од Комората рекоа дека ова е во рамки на нивните активности, реализирање на промоции на одржливи технологии и логистика на дрвенест отпад во аграрниот сектор, со цел да се утврдат потребите, приоритетите и насоките на дејствување во определен временски период, со идентификувани извори на финансиска поддршка.
Сашко Тодоров, претседател на „Ековита”, рече дека е ова прашање особено значајно за Тиквешкиот регион кој има многу отпад од лозјата и овоштарниците кој може да се искористи за производство на енергија а истовремено да се делува еколошки.
Пред присутните се обрати Алфред Шулц, менаџер на германска компанија, специјализирана за опрема за производство на топлинска и електрична енергија од селектиран органски дрвенест отпад.
Росоманецот Гоце Јоновски кој е во фаза на патентирање на машина за собирање и искористување на отпадот од лозјата, пред присутните говореше за својот прототип за приклучна машина за трактор, која ќе ги третира остатоците од лозовите прачки по кроењето на виновите лози. Ја нарекол дробилка со контејнер. Наглаи дека таа, на своевиден начин, треба да ги култивира гранките од лозјата и овоштарниците во најголемиот регион за производство на грозје и праски во државата – Тиквешкиот.
– Машината има основна намена, собирање и дробење на гранките на мали фрагменти, собирање во контејнер што е дел од неа, по што се ставаат во приколка за транспорт. Материјалот е погоден за горење во индустриски и индивидуални печки, што работат на сличен принцип како и печките на пелети. Тој може да се доработува и да биде погоден во процесот на производство на пелети/брикети, појасни Јоновски.
Најважно, според него, е дека ваквото третирање на остатоците од лозовите прачки ќе даде социјален ефект во процесот на собирање на отпадот. Тој смета дека ќе се олесни тој процес на третирање на остатоците во лозјата.
– Еколошкиот ефект е во можноста остатоците да не се горат бесцелно како сега. Па, наместо да загадуваат, да се третираат како енергенс или биомаса. Економскиот ефект, е во фактот што овој отпад може да се користи како биомаса или енергенс кој може да биде и замена за пелети, нагласи росоманецот, кој е дипломиран машински инженер по професија.
За вториот подобрен  прототип, проектот на Јоновски е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој. Поради превенција од коронавирусот, имаше ограничување за бројот на присутни.свд/бт/

Back to top button
Close
Close