Дописници МКДОпштински вести

Прогласени најдобрите пожарникар, полицаец и крводарител од Крива Паланка

Општина Крива Паланка ги прогласи најдобрите полицаец, пожарникар и крводарител од општината за 2021 година.

Крива Паланка, 30 декември 2021 (МИА) – Општина Крива Паланка ги прогласи најдобрите полицаец, пожарникар и крводарител од општината за 2021 година.
Од име на локалната самоуправа, признанија и подароци им врачија градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски и претседателката на Советот на општината, Изабела Павловска.
Никола Петровски е прогласен за најдобар полицаец за 2021, наградата за најдобар пожарникар од Територијална противпожарна единица Крива Паланка за оваа година му беше врачена на Бобан Јовановски, а за најдобар крводарител е прогласен Свете Милановски.
Од општината нагласија дека ваквите признанија што традиционално се доделуваат на крајот на годината се оддавање почит кон работата и делата на службениците и волонтерите кои со своите дела и труд оставиле белег или служат како пример за останатите граѓани,со хуманост, посветеност и пожртвуваност. ид/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close