Дописници МКДОпштински вести

Пробиштипската улица „Миро Барага“ добива нови тротоари и атмосферска канализација

Во Општина Пробиштип во тек се градежни активности на улицата „Миро Барага“.

Штип, 20 септември 2021 (МИА) – Во Општина Пробиштип во тек се градежни активности на улицата „Миро Барага“.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, кој денеска изврши увид во градежните работи истакна дека на оваа улица се инвестираат околу пет милиони денари.

Активностите за изградба на тротоари од десната страна на улица “Миро Барага” во должина од 1.350 метри и реконструкцијата на атмосферската канализација на оваа улица со должина од 500 метри, со што се решава децениски проблем, се при крај и ќе завршат овие денови. Општина Пробиштип за оваа намена врз основа на јавна набавка склучи договори со изведувачите Тес Инженеринг од Скопје и Панел М од Тетово, а за изградбата на тротоари општината издвои средства во висина од 2.501.930 денари од општинскиот буџет, додека средствата за атмосферската канализација во висина од 2.366.102 денари се обезбедени од Министерство за животна средина, вели Анастасов.

Тој најави дека во периодот што следи, за просторот од Полициската станица до рударското игралиште ќе следи хортикултурно уредување. На проширувањето од коловозот кај станбената зграда во населба Пробиштип ќе се постави  и автобуска постојка, со што се зголемува безбедноста на корисниците на јавниот превоз.вдј/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close