Дописници МКДОпштински вести

При крај е санацијата на кровната конструкција на спортската сала во Куманово

Привршува санацијата на кровната конструкција на спортската сала во Куманово, информираше денеска градоначалникот Максим Димитриевски.

Куманово, 4 декември 2021 (МИА) – Привршува санацијата на кровната конструкција на спортската сала во Куманово, информираше денеска градоначалникот Максим Димитриевски.

Реконструкцијата се спроведува преку проект од програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој од 2020 година со учество на општина Куманово.

-За проектот беше потпишан договор за градба, средствата во вредност од 23 милиони 430 илјади денари се обезбедени преку програмата, а општината учествува со 830.000 денари, соопштија претходно надлежните од Центарот за развој на североисточниот плански регион.

Надлежните се надеваат дека наскоро ќе почне и реконструкција на внатрешноста на спортскиот објект, кој изминатава деценија беше во незавидна состојба. Владата, претходните години ѝ ги врати во владение на Општина Куманово, четирите големи спортски објекти: Соколана, спортската сала, стрелиштето и градскиот стадион. ам/ки/

Back to top button
Close
Close