Дописници МКДОпштество

Припадниците на македонската Армија, Тале Илијевски и Игор Јакимовски, освоија прво и второ место на „Фрауенфелд војнички маратон“ во Швајцарија

На денешниот „Фрауенфелд војнички маратон 2022“ што се одржа во Швајцарија, велешанецот Тале Илијевски, припадник на Армијата на РС Македонија, го освои првото место во категоријата ранг припаднци на странски армии, постигнувајќи личен рекорд на оваа патека.

Велес, 20 ноември 2022(МИА) – На денешниот „Фрауенфелд војнички маратон 2022“ што се одржа во Швајцарија, велешанецот Тале Илијевски, припадник на Армијата на РС Македонија, го освои првото место во категоријата ранг припаднци на странски армии, постигнувајќи личен рекорд на оваа патека.

Игор Јакимовски, негов колега од Скопје, го освои второто место. Маратонот се трчал на 42 км со војничка униформа и ранец тежок 6,5 килограми.

Трет во оваа категорија е припаник на германската армија, информираа за МИА победниците.

Второпласираниот Игор Јакимовски вели дека со голема леснотија го истрчал овој ултратежок маратон. Тале Илијевски, пак, инфомира дека на трката учествувале 20 припадници на странски армии.

Тие го чекаат официјалниот резултат во генерален пласман меѓу 200 учесници, каде очекуваат да се пласираат помеѓу 10-то и 20-то место.

Двајцата потенцираат дека со оваа победа потврдиле дека се достојни репрезенти на македонската Армија, која ја претставија денеска на овој војнички маратон во Швајцарија.

Тале Илијевски и Игор Јакимовски со авион утре попладне се враќаат во земјава. ад/

Таг
Back to top button
Close
Close