Дописници МКДОпштински вести

Прилепските комуналци почнаа „генералка“

Прилепското јавно комунално претпријатие „Комуналец“ од денеска почна со чистење на обиколницата, од „Жито Прилеп“ до излезот во населбата „Варош“.

Прилеп, 2 декември 2021 (МИА) – Прилепското јавно комунално претпријатие „Комуналец“ од денеска почна со чистење на обиколницата, од „Жито Прилеп“ до излезот во населбата „Варош“.

Ова, како што велат од претпријатието, е генерално чистење по подолго време.

Според „Комуналец“, по локалниот пат се направени голем број диви депонии каде се исфрлени големи количества комунален и градежен отпад. Отпадот од дивите депонии се собира со градежни машини и се транспортира во депонијата „Алинци“.

По дислокацијата на дивите депонии, „Комуналците“ ќе продолжат со чистење трње и шипови, ќе собираат отпадоци и ќе ја косат сувата трева.

На овој дел од градот ќе се работи една недела. ем/мч/ 

 

Back to top button
Close
Close