ХроникаХроника.Портал

Приведен крадец од Скопје

Полициски службеници од ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода М.И.(36) од Скопје, за постоење основи на сомнение дека околу 16:00 часот на улица „Методија Андонов Ченто“ одзел пари од возило „Ауди“.

Скопје, 21 октомври 2021 (МИА) – Полициски службеници од ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода М.И.(36) од Скопје, за постоење основи на сомнение дека околу 16:00 часот на улица „Методија Андонов Ченто“ одзел пари од возило „Ауди“.

-Возилото е во сопственост на В.З.(45) од Скопје. Одземените пари биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, информира Министерството за внатрешни работи.

М.И. е приведен, а по целосно документирање на случајот МВР против него ќе поднесе соодветна пријава. ки/са/

Back to top button
Close
Close