0_Web_АктуелноХроникаХроника.Портал

Приведени две лица за давање поткуп за гласови во Скопје

Г.З. (59) и  А.С. (63) од Скопје денеска околу 14 часот се приведени во скопската населба Даме Груев бидејќи давале пари во замена за глас на локалните избори односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“, соопшти МВР.

Скопје, 30 октомври 2021 (МИА) – Г.З. (59) и  А.С. (63) од Скопје денеска околу 14 часот се приведени во скопската населба Даме Груев бидејќи давале пари во замена за глас на локалните избори односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“, соопшти МВР.
На лицата на кои им давале пари за глас им земале копии од лични карти, а при приведувањето кај нив се најдени пари и други предмети. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.са/

Back to top button
Close
Close