ОпштествоХроникаХроника.Портал

Приведени двајца разбојници во Скопје, одземените пари се пронајдени

Полициски службеници од ЕВР - Гази Баба денеска ги лишија од слобода П.Д. (19) од село Инџиково и А.А.(18) од село Глумово, поради сомнение дека утрово околу 09:55 часот на улица „Маџари“ одзеле пари од вработен во спортска обложувалница.

Скопје, 11 ноември 2021 (МИА) – Полициски службеници од ЕВР – Гази Баба денеска ги лишија од слобода П.Д. (19) од село Инџиково и А.А.(18) од село Глумово, поради сомнение дека утрово околу 09:55 часот на улица „Маџари“ одзеле пари од вработен во спортска обложувалница.

– Тие набрзо биле приведени во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признале делото. При претрес на две локации, извршени со судска наредба, биле пронајдени одземените пари и други предмети во интерес на истрагата, информира Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, против приведените ќе биде поднесена соодветна пријава. ки/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close