ОпштествоХроникаХроника.Портал

Приведена жена за кражба во Скопје

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера ја лишија од слобода Б.Ј.(22) од Тетово, барана со потерница од Основен суд Тетово за издржување затворска казна.

Скопје, 18 мај 2022 (МИА) – Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера ја лишија од слобода Б.Ј.(22) од Тетово, барана со потерница од Основен суд Тетово за издржување затворска казна.

– Б.Ј. е приведена поради сомнение дека околу 23:00 часот на 17 мај одзела предмет од возило на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје, сопственост на М.Т.(48) од Скопје. Таа била приведена во Полициската станица Центар и во службен разговор со полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го признала делото. При преглед кај неа бил пронајден предметот, кој подоцна бил вратен на сопственикот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Таа денеска била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. ки/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close