Политика

Претседателот Пендаровски упати честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија, по повод Меѓународниот ден на Бошњаците.

Скопје, 28 септември 2021 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија, по повод Меѓународниот ден на Бошњаците.

-Во нашиот заеднички дом, Република Северна Македонија, деценија и половина со гордост се празнува овој значаен ден како симбол на богатата историја и култура, обичаи и фолклор на припадниците на бошњачкиот етникум. Токму со своите специфики и светоглед, Бошњаците заземаат особено место во сите општествени текови во нашата татковина, но и во целиот балкански регион, збогатувајќи го бесценетиот мозаик од различни култури и традиции, стои во честитката.

Пендаровски порачува дека благодарение на придонесот на сите етнички заедници државава претставува пример за функционално мултиетничко општество.

-Нека нашиот соживот, заедништвото и почитта бидат влог во градењето на стабилна, просперитетна и економски развиена држава. Сплотени да ги надминеме сите здравствени, економски и политички закани кои се надвиснуваат врз нашата татковина и врз нас како индивидуи. Да ги премостиме сите пречки и да ги надминеме сите искушенија, стремејќи се кон подобра и посветла иднина. Дозволете, уште еднаш, да ви го честитам 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците и да ви посакам добро здравје, радост, среќа и бериќет, истакна претседателот Пендаровски.свс/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close