Дописници МКДЛокални избори 2021

Претседателот на МД „Илинден“, Ѓурѓај, оствари средба со Пецаков, кандидат за градоначалник на Охрид

Претседателот на македонско друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Кирил Пецаков кандидат за градоначалник на Охрид.

Тирана, 25 октомври 2021 (МИА) – Претседателот на македонско друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Кирил Пецаков кандидат за градоначалник на Охрид.

Како изјави за МИА, на средбата, Ѓурѓај го информирал Пецаков за положбата  на Македонците во Република Албанија и проблемите со кои се соочуваат, како и за активностите на друштвото.

-Во текот на разговорот доктор Пецаков покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија. Како иден градоначалник на Охрид, како што рече, искажа подготвеност за продлабочување на соработката, помош и поддршка за друштвото, за весникот и за Македонците во Албанија, во рамки на можностите, додава Ѓурѓај.

Според него, Пецаков, исто така ветил дека посебно внимание и грижа ќе посвети за македонските ученици и студенти од Албанија а кои средно и високо образование следат во училишта  и високо образовни установи во Охрид.

-На средбата посебен акцент беше ставен и на неодамнешното свечено одбележување на 10-годишнината од излегувањето од печат на првото издание на весникот „Илинден“. Имав чест и големо задоволство во својство на главен  одговорен уредник на весникот да му врачам врамен постер од одбележувањето, рече Ѓурѓај. вт/ир

 

 

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close