0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Претседателот на Барселона незадоволен од правилата во Ла Лига

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта смета дека во Шпанија се построги отколку во другите земји во следењето на финансискиот фер плеј.

Барселона, 25 мај 2022 (МИА) – Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта смета дека во Шпанија се построги отколку во другите земји во следењето на финансискиот фер плеј.

– Правилата за фер плеј во Шпанија се премногу строги, премногу напорни во споредба со другите земји. Ова е уште еден недостаток што треба да се надмине. Навикнати сме да ги надминуваме пречките, го цитира Лапорта „Марка“.

Барселона оваа сезона заврши на второто место во шпанската лига.

Во европските купови, по елиминацијата од Лигата на шампионите, каталонскиот тим загуби од Ајнтрахт Франкфурт во полуфиналето на Лигата на Европа. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close