0_Инфопакет.ПорталВременска прогнозаИнфопакет

Претпладне умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намали

Скопје, 27 јануари 2022 (МИА) – Времето претпладне со умерена до значителна облачност, освен на запад каде ќе преовладува сончево време. Попладне облачноста ќе се намали. Вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.

Во Скопје претпладне умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 6 степени.

Во петок во најголем дел од денот ќе се задржи стабилно време со пораст на температурата. Во ноќните часови, како и во сабота претпладне во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Во сабота ќе дува засилен северен ветер, што повторно ќе ја намали дневната температура. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник.

Back to top button
Close
Close