0_Инфопакет.ПорталВременска прогнозаИнфопакет

Претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец

Скопје, 14 јануари 2022 (МИА) – Утрото ќе биде многу студено, преку денот претежно сончево, на североистокот со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -3, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.

Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 8 степени.

До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во недела и понеделник ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини, а во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд и снег.

Back to top button
Close
Close