Дописници МКДОпштествоОпштински вести

„Преспански јабоклобер“ од 25 до 27 септември

Традиционално, на големиот празник Крстовден, на 27 септември симболично ќе биде откинато првото јаболко, со што и официјално почнува бербата на јаболката во Преспа, а потоа ќе бидат доделени и општинските награди за најдобри земјоделци.

Ресен, 23 септември 2021 (МИА) – Со културно-забавна програма и спортски натпревари од 25 до 27 септември во Ресен ќе се одржи традиционалната манифестацијата „Преспански јаболкобер“. Бербата на преспанското јаболко, пак, според традицијата, ќе почне на верскиот празник Крстовден, со симболично откинување на првото јаболко.

Манифестацијата ќе почне в сабота со фудбалски турнир на јуниорски групи, а следниот ден во музичко-забавниот дел во амфитеатарот на средното општинско училиште „Цар Самоил“ настап ќе имаат локални групи, „Пајак“ и Александар и Дац.

Традиционално, на големиот празник Крстовден, на 27 септември симболично ќе биде откинато првото јаболко, со што и официјално почнува бербата на јаболката во Преспа, а потоа ќе бидат доделени и општинските награди за најдобри земјоделци. Потоа следува презентација на земјоделска механизација и производи, а ќе биде промовирана и традиционална Преспанска храна и рачни изработки. сс/мч/

Back to top button
Close
Close